Сет Кари (35) ќе му се придружи на својот брат Стеф (37) во редовите на Голден стејт, откако се согласи на едногодишен договор со тимот од Калифорнија, објавија американските медиуми. Сет Кари наводно доаѓа со негарантиран договор што ќе му овозможи да работи со клубот во текот на тренинг кампот.

Сепак, тој ќе мора да биде ослободен од договорот подоцна во сезоната пред „воините“ да можат да го доведат со пропорционален договор што ќе им овозможи да останат во рамките на правилата за ограничување на платите во НБА.

Сет Кари, 35-годишен ветеран, важи за еден од најпрецизните шутери за три поени во лигата, а минатата сезона како член на Шарлот Хорнетс, имаше 45,6 проценти прецизност од линијата за три поени.

ИЗДВОЕНИ