понеделник, февруари 16, 2026
Дома МАГАЗИН Браќата братски ќе го делат богатството на легендарната рокерка Слаѓана Милошевиќ

Браќата братски ќе го делат богатството на легендарната рокерка Слаѓана Милошевиќ

184

Така треба!

Легендарната српска рок-пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ, која почина точно пред една година во 69-година од животот и која го испеа легендарниот хит „Јер, ти си принцеза“ (во дует со Дадо Топиќ), своето големо богатство им го оставила на своите браќа Горан и Живко. Слаѓана никогаш не била во брак и немала деца.                         -Живееше во убав стан на Нов Белград, кој беше во нејзина сопственост. Имаше и луксузен скапоцен автомобил марка „ауди“.

По смртта на нејзините родители, таа и нејзините браќа ги наследиле недвижностите во атрактивните населби Дедиње и Баново Брдо, како и огромен имот во Срем. Дел од тоа беше продадено во претходните години, додека Слаѓа сè уште беше жива. Остатокот, по нејзината смрт, ќе биде дополнително поделен помеѓу браќата Горан и Живко Милошевиќ.  (Д.М.)

 

ИЗДВОЕНИ