Божиновска учествува на Астана Интернационалниот Форум 2025 во Казахстан

29

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува на Астана Интернационалниот Форум (AIF 2025). Во рамки на посетата, министерката Божиновска ќе учествува на главните сесии на форумот, посветени на енергетиката, климатските промени и одржливиот развој.

Нејзиното присуство на AIF 2025 е дел од пошироката иницијатива за зајакнување на енергетската дипломатија на Македонија и интензивирање на билатералната соработка со земјите од Централна Азија.

Во рамки на форумот, министерката Божиновска ќе има обраќање на пленарна сесија со наслов „THE RESOURCE RACE: WHO CONTROLS THE GREEN FUTURE“. Сесијата е фокусирана на глобалната трка по критични минерали и ретки елементи што се клучни за енергетската транзиција и зелените технологии.

Астана Интернационалниот Форум оваа година се одржува под мотото „Поврзување на умови, обликување на иднината“ и обединува над 600 високи гости, меѓу кои шефови на држави, министри, лидери на меѓународни организации, експерти и претставници на бизнис заедницата. Форумот го отвори претседателот на Казахстан, Токаев, a учествуваа и свое обраќање имаа претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Руанда Пол Кагаме, како и поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун.

Преку учеството на форумот, министерката Божиновска ќе има можност да разменува искуства и идеи со креатори на политики од целиот свет, да ги претстави приоритетите на енергетската транзиција на Македонија и да иницира нови партнерства во насока на зголемување на инвестициите во чисти извори на енергија и зајакнување на регионалната енергетска безбедност.

ИЗДВОЕНИ