Христијанските верници денеска го одбележуваат големиот празник Божиќ, денот на раѓањето на Исус Христос, кој се смета за симбол на мирот, љубовта и надежта.

Во сите храмови на Македонската православна црква утрово се одржаа божиќни литургии.

Централното одбележување беше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Со поздравот Христос се роди, навистина се роди, се слави Рождеството Христово-Божик.

На божиќната богослужба присуствуваа голем број верници, како и припадници на државниот врв.

По повод Божик, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божикно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди.













