Марија Саздева, еден од координаторите од Здружението „Бадникови поворки“, на денешната прес-конференција изрази задоволство од надминатиот рекорд на бројот на пријавени учесници годинава, во повеќе од 80 града, општини и населени места во Македонија, со активно вклучување на македонската дијаспора во Италија, Австрија, Словенија и во Соединетите Американски Држави.

– Под уметничко раководство на актерот Владо Дојчиноски, оваа година се реализира и божикен серијал од четири кратки приказни наменет за најмладите, кој преку традиционалните медиуми и дигиталните платформи ќе ја пренесе пораката за значењето на рождеството Христово – истакна Саздева.

Покрај тоа, подготвен е и нов музички запис за песната „Вечниот Бог“, изведен од „златните славејчиња“ 

 

Здружението за возобновување на вистинските православни традиции „Бадникови поворки“ и годинава подготвува прекрасно одбележување на христијанскиот празник Бадник, предвесник на Христовото раѓање – Божик, исто така еден од најголемите христијански празници.

Децата веќе се подготвуваат и со нетрпение ги очекуваат прекрасните „Бадникови поворки“ и вредно работат правејќи ги ѕвездите и учејќи ја песната „Вечниот Бог“.

Марија Саздева, еден од координаторите од Здружението „Бадникови поворки“, на денешната прес-конференција најави обемна и спектакуларна програма на плоштадот „Македонија“ и изрази задоволство од надминатиот рекорд на бројот на пријавени учесници годинава, во повеќе од 80 града, општини и населени места во Македонија, со активно вклучување на македонската дијаспора во Италија, Австрија, Словенија и во Соединетите Американски Држави.

-Во време кога сè почесто се зборува дека вниманието на децата и на младите е сè пократко, дека тие сè повеќе се оддалечуваат од вистинските вредности, „Бадниковите поворки“ сведочат за нешто сосема спротивно. Она што особено нè радува е фактот што денес веќе не е потребно дополнително да ги поттикнуваме општините да организираат работилници за изработка на бадниковите ѕвездички, да ги обединуваат децата преку проби или хуманитарни акции. Тоа стана природен дел од заедниците. „Бадниковите поворки“ прераснаа во најголема божикна традиција во регионот, онака како што беше и нашата првична најголема желба, денес поддржана и од Министерството за култура, Град Скопје и од сите општини во Републиката – истакна Саздева.

Taa наведе дека годинава во фокусот на Здружението се збогатувањето на програмата, приближувањето до децата и создавањето простор и време за најранливите категории граѓани.

Во рамките на активностите се реализираат посети на домовите за стари лица, институциите…

– Исто така, планирани се и флешмоб-акции, кои ќе ја раздвижат празничната атмосфера и ќе внесат радост и топлина во секојдневието – информираше Саздева.

Потенцираше дека централно место во програмата, освен „Бадниковата поворка“, која ќе се движи од Музејот на Град Скопје кон плоштадот „Македонија“, зазема „Божикната авантура“, голема сценска изведба која оваа година ќе биде дел од бадниковата манифестација на 6 јануари, од 12:00 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје и во која ќе учествуваат повеќе од 40 актери, музичари, пејачи и детски хор.

– Под уметничко раководство на актерот Владо Дојчиноски, оваа година се реализира и божикен серијал од четири кратки приказни наменет за најмладите, кој преку традиционалните медиуми и дигиталните платформи ќе ја пренесе пораката за значењето на рождеството Христово – истакна Саздева.

Покрај тоа, подготвен е и нов музички запис за песната „Вечниот Бог“, изведен од „златните славејчиња“, со цел, како што кажа таа, да служи како едукативна алатка за сите образовни центри, здруженија и организации што работат со деца и им ја пренесуваат божикната традиција на новите генерации.

На прес-конференцијата беше претставено и иновативното решение на дизајнерот Ангел Мицевски за да може да се отвора и затвора божикната ѕвезда со еден едноставен механизам, со што им овозможува на семејствата да ја зачуваат и повторно да ја користат во годините што следуват.

– Ова решение ја носи пораката дека божикната радост не е момент, туку вредност што се негува и се пренесува – вели Саздева.

Покрај тоа, беше претставен уште еден симболичен подарок што ќе го понесат семејствата од „Бадниковите поворки“ оваа година: уметнички магнет изработен од уметникот Драган Китановски-Драш.

– Магнетот е осмислен како мал, но значаен потсетник што ќе биде присутен во секој дом, во текот на целата година и ќе ја буди споменатата радост од Бадник и од Божик. Со секој магнет, семејствата ќе добијат и божикна порака, како тивок, но силен потсетник на суштината на празникот – љубовта, заедништвото и светлината што ја носиме едни кон други – објасни Саздева.

Беше ставен акцент и на божикната пештера, поставена на плоштадот „Македонија“, која претставува импресивно уметничко дело, каде што се спојуваат традицијата, духовноста и современиот израз.

– Пештерата е изработена од брачната двојка Зоран и Македонка Тошески, чие авторско решение веќе втора година по ред го привлекува вниманието на јавноста и на медиумите. Станува збор за дело што со своите естетика, симболика и уметничка вредност се издвојува како едно од најубавите и највпечатливи божикни решенија во регионот – нагласи Саздева. 

Воедно, додаде дека се возобновени и две древни каланди, првата е божикната „Сношти Христос се роди“, а втората е стара новогодишна, која ќе биде објавена во пресрет на Василица.

– Овие каланди се дел од богатото традиционално наследство и се песни што ги изведуваме со години на манифестациите, но сега добиваат траен музички запис, со што стануваат дел од културното наследство, кое ќе остане зачувано и за идните генерации. Едната од нив добива и видеоспот во режија на Дејан Пројкоски и во соработка со Стојан Стојановски, вистинско ремек-дело на овој уметнички тандем – заклучи Саздева.

(А. П. )  Фото: (Ѕ. П.)

 

 

ИЗДВОЕНИ