Познатиот фински возач, Валтери Ботас, ќе биде дел од Кадилак во Формула 1 следната сезона. Тимот на Кадилак официјално ќе му се приклучи на караванот на Формула 1 во 2026 година, а негов прв возач ќе биде Валтери Ботас.
Според Formula.hu и Racingnews365, финскиот возач и поранешен член на Заубер, Алфа Ромео, Мерцедес и на Вилијамс ќе биде официјално претставен како нов возач на Кадилак следната недела.
Кадилак моментално е воден од Греам Лаудон, кој добро го познава Ботас. Од друга страна, Финецот се врати во Мерцедес оваа сезона, како резервен возач и учествуваше во тестирањето и му помагаше на Кими Антонели во текот на неговата дебитантска сезона во Ф1. Сè уште не е познато кој ќе биде втор возач на Кадилак, но како можни опции се споменуваат Серхио Перез и Даниел Рикардо.