Босанците тврдат дека на Балканот е направено фудбалско чудо

2275

Босанците воодушевени од арената „Тодор Проески“

Факт е дека квалитетот е послаба страна на македонската Прв фудбалска лига иако има напредок од година во година, но не со посакуваното темпо. Има неколку клубови кои секоја година го зголемуваат својот буџет, инвестираат во играчи и инфраструктура, но има и такви кои бараа и си пронајдоа причина за да се откажат од настап во МПФЛ.

Медиумите од регионот почесто пишуваат за националниот тим, а поретко за клупскиот фудбал во нашата земја. Сепак, познатиот босански портал „СпортСпорт.ба“ посвети големо внимание на националната арена „Тодор Проески“.

-Пред повеќе од една деценија, поточно во 2011 година, на југот на Балканот беше изграден еден од најмодерните фудбалски стадиони во регионот, а целосното реновирање беше завршено во 2013 година. Во главниот град на Северна Македонија, Скопје, стариот Градски стадион е трансформиран во модерно фудбалско издание.

Иако многумина мислеа дека стариот стадион не може да се реновира, Македонците ги убедија во спротивното. Стадионот каде што се играле голем број одлични натпревари во поранешната држава и стадионот каде што ги играл своите натпревари, е трансформиран во прекрасен објект.

Главната трибина беше поправена, додека другите трибини беа проширени, а стадионот доби брановиден и затворен изглед како повеќето европски фудбалски арени. Капацитетот на стадионот е 33.011 седишта, а во 2017 година беше домаќин на финалето на Европскиот Суперкуп помеѓу Реал (М) и Манчестер Јунајтед (2:1).

Денес, стадионот го носи името „Тоше Проески“ во спомен на големата музичка ѕвезда која трагично загина во сообраќајна несреќа во 2007 година. Сепак, во 2023 година, стадионот во Скопјe се соочи со големи проблеми. УЕФА му забрани на стадионот да биде домаќин на какви било меѓународни натпревари поради екстремно лошата трева. Тренот не беше правилно одржуван и се појавија проблеми.

По оваа забрана, Македонците го реновираа тревникот и сè уште го одржуваат денес, а овој стадион се смета за украс на градот Скопјe и цела Македонија. Стадионот го користат ФК „Вардар“ и ФК „Работнички“, додека повеќето македонски клубови ги играат своите европски натпревари на стадионот „Тоше Проески“. Секако, овој фудбалски комплекс е и дом на репрезентацијата на Северна Македонија, која ги игра сите свои домашни натпревари на гореспоменатиот стадион. Вкупните трошоци за изградба на сите активности поврзани со стадионот во периодот 2008-2013 година достигнаа над 60 милиони евра. Да додадеме дека стадионот во Скопјe ги исполнува и сите барања од категорија 4 на УЕФА, пишува босанскиот портал „СпортСпорт.ба“.

ИЗДВОЕНИ