Борис Џонсон го доби своето деветто дете

34

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон (60) и неговата сопруга Кари (37) добија уште една ќерка, објави гордата мајка на Инстаграм.

Бебето, кое се роди на 21 мај, го доби името Попи Елиза Џозефин Џонсон.

– Не можам да верувам колку си убава и ситна. Се чувствувам неверојатно среќна. Сите сме целосно заљубени. Не сум сигурна дали спиев ни минута откако се роди, бидејќи не можам да престанам да те гледам“, напиша таа под фотографијата.

Двојката веќе има три деца – синот Вилф, ќерката Роми и синот Френк.

– Вилф, Роми и Френк се воодушевени, особено Роми, која очајно сакаше мала сестричка – додаде Кари.

– Животот не може да биде подобар – истакна таа.

За Борис Џонсон, Попи е деветтото дете. Тој има четири деца со поранешната сопруга Марина Велер, а исто така доби и едно дете за време на аферата со Хелен Мекинтур во 2009 година.

Џонсон и Кери се венчаа во мај 2021 година.

ИЗДВОЕНИ