Борис Бекер мина низ сито и решето изминативе неколку години. Некогаш беше тениско чудо од дете, а потоа помина 231 ден во затвор, за што раскажа во својата нова книга, каде што ги опиша мрачните денови поминати зад решетки.
Вресоци го прогонуваат Борис Бекер. Првите ноќи во затвор му биле вознемирувачки.
- Вресоци што звучат како да страда некој, како некому да му треба помош, како да умира некој – пишува 57-годишниот Бекер.
Борис Бекер е најмлад шампион на Вимблдон со трофејот во 1985 година, на само 17-годишна возраст. Чудото од дете што три пати го освои најпрестижниот тениски турнир во светот, деновиве ги полни насловните страници на најголемите спортски весници, пред сè со издавањето на својата најнова автобиографска книга.
Книгата со околу 340 страници го опишува Бекер како ги пакува своите работи (тренерки, автобиографијата на Барак Обама и крем за по бричење, што подоцна беа конфискувана) и како носи вратоврска со тема од Вимблдон пред да биде објавена пресудата. Тој опишува како бил испрашуван по влегувањето во затворот („Побараа од мене да ги раширам нозете“) и како морал да се справи. Број на затвореник A2923EV.
- Стануваше збор за голо преживување, ништо повеќе. Се обидуваш да јадеш, да спиеш – напиша Бекер.
Тврдеше дека ослабел неколку килограми и дека подоцна бил префрлен во затворот „Хантеркомб“, каде што помагал во вежбалницата и посетувал часови по филозофија, за стоицизмот.
Бекер бил предупреден за опасностите. Откако ќе загубел на партија покер, запаѓал во неволја. Во својата ќелија, тој опишува како одеднаш морал да се соочи со себе.
Неговата врска со Лилијан де Карваљо Монтеиро станувала негово сидро. Во посветата на книгата, тој ја нарекува „жената што го спасила“. Двајцата сега се во брак и очекуваат дете. Таа и неговата сега почината мајка, Елвира, се причината за тоа што тој е сè уште тука.
- Ве сакам двете – вели Бекер.
По повеќе од седум месеци во затвор, Бекер беше депортиран во Германија.
- Што се однесува до парите, имав помалку од кога било – пишува тој.
Ги загуби фармата на Мајорка, куќата во Лајмен, станот во Лондон и еден милион фунти на банкарската сметка, но, сепак, му должи на примателот 500.000 фунти.
- Само замислете: седум и пол месеци сте во затвор, а кога ќе излезете, тие, сепак, сакаат повеќе од вас.
Бекер сега живее во Милано, Италија, и планира да ја претстави својата книга на премиерата во Берлин, в четврток. Не е познато колку пари ќе добие за договорот за книгата.