Поранешниот германски тенисер Борис Бекер, не престанува да ја изненадува јавноста и покрај роа шти веќе долги години е во пензија. Тој сподели дека заедно со совјата сопруга Лилијен чекаат дете. Ова е петто дете за Бекер со четврта сопруга, а пораката која зедно ја испратија преку социјалните мрежи гласеше: „Мало чудо е на пат… Најдоброто допрва доаѓа.“
Борис Бекер има бурен емотивен живот зад себе. Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ има две ќерки и два сина со три различни сопруги. Тој се ожени со Барбара Фелтус во 1993 година, со која го доби синот Ноа (31) и ќерката Елиас (26).
Се разведоа во 2000 година, а следната година Бекер потврди дека е татко на Ана, ќерката на руската манекенка Ангела Ермакова, по судска битка. Во 2007 година, Германецот објави дека е свршен со холандскиот модел Чарли Лили Керсенберг. Се венчаа во 2009 година, а во 2010 година го добија синот Амадеус. Борис и Чарли се разведоа во 2018 година
Лилијан беше со Бекер во најтешките моменти кога познатиот Германец имаше сериозни проблеми со законот и кога мораше да оди во затвор. Тие се во брак од септември 2024 година.
– Никој не е поважен од другиот, мене ми треба Лилијан, а се надевам дека и таа има потреба од мене. Се запознавме во време кога се чувствував навистина лошо. Професионално, лично, физички, се чувствував полошо од кога било досега во мојот живот, но и покрај ова, Лилијан беше заинтересирана за мене. Тоа е извонредно, бидејќи таа можеше да биде заинтересирана само за мене како личност затоа што немав што друго да понудам – никогаш порано не сум сретнал таква жена – рече неодамна Бекер.