Британски борбени авиони ќе извршуваат мисии за воздушна одбрана над Полска како одговор на воздушните закани од Русија, вклучително и упади со беспилотни летала, соопшти денес британската влада.
Борбени авиони „Тајфун“ на Кралските воздухопловни сили (РАФ) ќе се здружат со силите од Данска, Франција и Германија, објави „Ројтерс“.
Мисијата се спроведува како дел од операцијата „Источна стража“ на НАТО, која има за цел да ја зајакне одбраната и одвраќањето по должината на источната граница на Алијансата, објави „Танјуг“.
Одлуката доаѓа откако руски беспилотни летала го нарушија полскиот воздушен простор минатата недела, што предизвика загриженост кај членките на НАТО.