понеделник, февруари 9, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Борбата за плати е маратон, а не спринт – ќе излегуваме на улица...

Борбата за плати е маратон, а не спринт – ќе излегуваме на улица се додека не ги зголемат

Борбата за плати е маратон, а не спринт – ќе излегуваме на улица сè додека не ги зголемат, порачуваат од Сојузот на синдикати на Македонија најавувајќи продолжување и можно радикализирање на протестите доколку нема договор. Во наредниот период, како што најавија продолжуваат со блокади на институции, а прво на удар ќе биде Собранието. По најавена блокада на Собранието од работниците, спикерот Африм Гаши со порака до пратениците да дојдат на работа како знаат и умеат

136

Борбата за повисок минималец и за зголемување на останатите плати продолжува. Како што најавија од Сојузот на синдикати на Македонија денеска со почеток во 9 часот ќе го блокираат Собранието од двете страни, односно ќе бидат блокирани улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“. Поради блокадите на улиците пред Собранието, пратениците нема да можат да дојдат со возила на работа и нема да можат да наплатат патни трошоци кои изнесуваат од 100 евра па нагоре, посочи претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

-Согласно Законот потребни ни се најмалку 21 лице на двете локалции за да ги блокираме пратениците. Блокадат треба да упати порака до пратениците дека тие го блокиртаат законот за минимална плата повеќе од една година, а за истиот временски период секое семејство е посиромашно за 9.500 денари месечно затоа што вредноста на минималната сииндикална кошница е зголемена за толку пари. Пратениците се уште се прават глуви и слепи на иницијативата на ССМ за намалување на нивните плати за 80 отсто или намалување на основицата за пресметка на платите од просечна на минимална плата, како и намалување на нивните коефициенти на сложеност. Ваквата иницијатива е врз основа на Уставот и на законите, значи таа ќе биде и уставна и законска, изјави Трендафилов.

Во врска со тоа што од Владата веќе најавија намалување на нивните коефициенти за процентот на пораст на просечната плата за 9,2 отсто, од ССМ прашуваат како е уставно и законски да го намалат процентот на раст на нивните плати за 9,2 отсто, а не за 80 отсто.

-Синдикалната борба е маратон, а не спринт. Зголемувањето на платите на административците е една од борбите за кои сме издвојувале победа, а најголема победа ќе биде зо зголемување на минималната плата на 600 евра и на останатите плати за 100 евра. Ние нема да престанеме да излегуваме на улица се додека не ги зголемат работничките плати, како што се зголемени функционерските плати, додаде Трендафил.

Тој додаде дека доколку и понатаму молчат, преминуваме на собирање на 10.000 потписи со кои ќе ги намалиме нивните, а ќе ги зголемиме работничките плати. Ќе мора да бираат, ќе гласаат за себе, а против работниците или ќе гласаат за работниците.

Синдикатот на УПОЗ ќе ги продолжи блокадите на ССМ, кој потоа се селат пред Сојузот на стопански комори, Бизнис конфедерација и Организација на работодавачи на Македонија, а идната недела на 17 февруари ќе биде блокирана и Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски по постигнатиот договор со УПОЗ и САДУ, со кој, околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година го повтори ставот за минималната плата дека таа ќе се зголеми соодветно на законското решение, а ако постигнат договор меѓу себе работодавачите и работниците, ние ќе го поддржиме. Но, тогаш ќе треба да го нивелираме и овој договор, што го имаме сега, со овие две гранки, зашто тогаш во пресметката, во методологијата, усогласувањето со минималната плата ќе дојде премногу големо, зголемено за одреден процент, а тие пари во Буџетот ние ги немаме.

Тој повтори дека за Владата е неприфатлив предлогот државата одреден период да ги финансира придонесите на работодавачите за тие да ја зголемат минималната плата.

Претседателот на Собранието Африм Гаши пак, на брифинг со медиумите посочи дека на пратениците им е најавено да си дојдат на своите работни места и на седница, без да биде попречено правото на протест на работниците. Што се однесува до потенцијално блокирање и на влезните врати од Парламентот, Гаши рече дека тоа е работа на МВР. Во однос на платите, тој рече дека ако самиот се прашувал веднаш би ги зголемил платите на работниците но, како што рече, тоа е работа на договор меѓу нив и работодавачите и на евентуална полиичка одлука.

(А.С.)

 

 

ИЗДВОЕНИ