Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК) во текот на вчерашниот ден до 12 часот во државата имало уште еден активен пожар, освен оној во „Јасен“ и тоа во селото Беловодица, место викано Ливада, на територијата на општина Прилеп, каде гори букова шума, а изгаснати биле четири: на улица „Перо Наков“, во општина Гази Баба, во селото Средно Коњаре, во општина Струга и во селото Калдарец – Китка, во општина Студеничани
Пожарот во НП „Јасен“ кај нас и понатаму создава проблеми и не може да се стави под контрола, а борбата за негово совладување продолжува.
Како што информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вчеравечер, огнот се доближил до шумскиот пат кој води од влезната капија на ловиштето „Јасен“ до ресторанот на брегот на езерото Козјак.
– За среќа, благодарение на претходно расчистениот терен од вегетацијата, не беше дозволено негово ширење – изјави Ангелов.
Тој посочи дека во акцијата ноќеска биле вклучени припадници на Единицата за брзо распоредување со пинцгауери, вработени во ловиштето „Јасен“, пожарникари од Скопје и Македонски Брод, како и тим на Дирекцијата за заштита и спасување, кои со здружени сили не му дозволија на огнот да премине од другата страна на патот.
– Започна и специфична и опасна операција за правење нов противпожарен појас на стрмниот гребен кој се спушта кон езерото, со цел огнот да биде целосно запрен. И покрај густиот чад, еден полициски и еден армиски хеликоптер веќе дејствуваат од рано утро, а се очекува приклучување и на „ер трактор“ од ДЗС штом се расчисти видливоста – истакна Ангелов.
Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК) во текот на денешниот ден до 12 часот во државата имало уште еден активен пожар, освен оној во „Јасен“ и тоа во селото Беловодица, место викано Ливада, на територијата на општина Прилеп, каде гори букова шума, а изгаснати биле четири: на улица „Перо Наков“, во општина Гази Баба, во селото Средно Коњаре, во општина Струга и во селото Калдарец – Китка, во општина Студеничани.
Денеска до пладне биле регистрирани шест пожари на отворено.
Шумските пожари предизвикуваат не само материјална штета туку се и многу опасни по здравјето на луѓето, посебно по оние што се директно изложени на вдишување на чадот од нив. Ново истражување покажало дека чадот од шумските пожари е многу поопасен отколку што се сметало претходно, при што смртните случаи предизвикани од краткотрајна изложеност на ситни честички ПM2.5 се проценуваат како потценети за 93 проценти.
Истражувачите откриле дека просечно 535 луѓе годишно во Европа починале помеѓу 2004 и 2022 година од вдишување на ситни токсични честички познати како ПM2.5, што се ослободуваат кога беснеат шумски пожари, објави „Гардијан“.
Со стандардните методи, кои претпоставуваат дека PM2.5 од пожарите се подеднакво опасни како и честичките од други извори, како што е сообраќајот, би се очекувале само 38 смртни случаи годишно.
(А.П.)