Најмалку 12 лица загинаа, а околу 20 се повредени во силна експлозија што денес го потресе пакистанскиот главен град Исламабад. Нападот се случи во близина на комплексот на Високиот суд и се сомнева дека станува збор за бомбашки напад.

Според локалните здравствени службеници, најмалку 12 лица се мртви, а околу 20 се повредени и однесени во Пакистанскиот институт за медицински науки.

Властите во моментов го третираат нападот како можен бомбашки напад, а истрагата е во тек, со силно безбедносно присуство и поставени блокади на патиштата.

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари го осуди нападот и изрази сочувство до семејствата на жртвите, велејќи дека одговорните ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата.

Министерот за одбрана Хаваџа Асиф, исто така, испрати силна порака, велејќи дека Пакистан „е во воена состојба“.

  • Овој напад мора да се смета за повик за будење во односите со Авганистан. Доаѓа оттаму, од Кабул, напиша Асиф на социјалната мрежа „X“.

Безбедносните аналитичари предупредуваат дека тензиите меѓу Пакистан и милитантните групи што дејствуваат од авганистанска територија се зголемуваат во последните месеци, а властите стравуваат дека нападот би можел да биде претходница на нов бран насилство.

ИЗДВОЕНИ