вторник, февруари 24, 2026
Дома СВЕТ Бомбашки напад во центарот на Москва: Убиен полицаец, двајца повредени/ВИДЕО

Бомбашки напад во центарот на Москва: Убиен полицаец, двајца повредени/ВИДЕО

22

Еден полицаец е убиен, а двајца други се ранети во експлозија што се случи рано утрово во центарот на Москва, откако напаѓач активирал експлозивна направа покрај патролно возило.

Руското Министерство за внатрешни работи објави дека нападот се случил на плоштадот во близина на железничката станица Савеловски, пишува Гардијан.

Според соопштението на министерството објавено на Телеграм, експлозијата се случила кратко по полноќ. Станицата Савеловски, која се наоѓа во северниот дел на Москва, е еден од главните железнички центри во градот.

Во соопштението се наведува дека напаѓачот им се приближил на сообраќајните полицајци кои седеле во нивното патролно возило, а потоа била детонирана експлозивна направа. Се додава дека напаѓачот, исто така, починал на самото место.

Локалните медиуми објавија фотографии од полициско возило со скршени прозорци во близина на железничките пруги. Областа веднаш била опколена од полицијата, а на местото на настанот пристигнале неколку амбулантни возила.

„Истражителите утврдија дека непознато лице извршило самоубиствен напад покрај возило на сообраќајната полиција на плоштадот во близина на железничката станица Савеловски во Москва. Неговиот идентитет сè уште се утврдува, а наредено е и вештачење“, официјално информираше претставничката на Истражниот комитет на Руската Федерација Светлана Петренко, пренесува ТАСС.

Во овој напад, еден сообраќаен полицаец и самиот напаѓач починаа на лице место, додека двајца полицајци беа префрлени во медицинска установа.

ИЗДВОЕНИ