Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше елиминиран во полуфиналето на Ролан Гарос откако загуби од Јаник Синер, кој во финалето, по пет и пол часа игра, беше поразен од Карлос Алкараз.
Но, она за што постојано се зборува во последно време е евентуалното пензионирање на Србинот. Енди Родик верува дека Ѓоковиќ може да освојува трофеи и во иднина, на пример на Вимблдон, додека Рене Стабс зборуваше за пензионирањето на Новак.
- Јасно е дека тој не би го направил тоа на Ролан Гарос, видовме колку добро играше во полуфиналето и колку е на високо ниво во тенисот. Малку му недостигаше на крајот, и беше одличен иако не освои ниту еден сет. Има некои мали работи што Новак ги направи во полуфиналето кои покажаа дека возраста го забавила и дека Синер беше едноставно подобар. Новак правеше грешки таму каде што вообичаено не би ги направил во претходните години, некои лесни форхенди што секогаш ги погодуваше. Промашуваше топки што никогаш не ги промашува и неговото време дојде, па веројатно виде дека му доаѓа крајот. Новак Ѓоковиќ не сака да губи во четвртфиналето и полуфиналето на Грен-слем турнирите. Ги освоил 24 пати. Колку и да би сакал да остане во тенисот поради натпреварите со Синер и Алкараз, мислам дека ова е последен пат да го гледаме на Ролан Гарос. Беше чуден и на прес-конференцијата… Сепак, има голема шанса на Вимблдон и навистина верувам во тоа. Јас Мислам дека може да се збогува со тенисот во Австралија, каде што беше шампион поголемиот дел од времето, истакна Рене Стабс.