Бомба на повидок: Славниот напаѓач се враќа во Европа?

215

Карим Бензема би можел да се врати во Европа. Прославениот француски напаѓач има договор со Ал Итихад до крајот на сезоната, а доколку соработката не биде продолжена, тој ќе има можност да преговара со други клубови уште во јануари.

Според турскиот Фотомак, Фенербахче сериозно го разгледува Карим Бензема. Истанбулскиот клуб не ја започна сезоната на најдобар начин, а клубот му плати на Жозе Мурињо, кој беше отпуштен. Доменико Тедеско пристигна на негово место и им кажа на раководството дека им е потребен подобар централен напаѓач.

Фенербахче е подготвен да се откаже од Џон Дуран, кој не ги исполни очекувањата и има проблеми со повредите.

Во последните недели се шпекулираше дека Бенфика, која ја презема Мурињо, е заинтересирана за Бензема, а медиумите пишуваат дека Французинот дефинитивно сака да ја заврши кариерата во Европа.

ИЗДВОЕНИ