
Жена е убиена рано утринава во грчкиот град Солун кога експлодирала бомба што ја носела, соопшти полицијата, а пренесува АП.
Според информациите од грчката полиција, 38-годишната жена околу 5 часот, наводно, носела експлозивна направа со намера да ја стави пред блиската банка. Од експлозијата се оштетени повеќе излози и возила во непосредна близина, се вели во полициското соопштение.
Полицијата се сомнева дека има врски со екстремно левичарски групи, а полицијата, исто така, објави дека жената веќе им била позната на властите бидејќи учествувала во неколку грабежи и дека истражуваат можни врски со екстремно левичарски групи.