Болсонаро призна дека користел алатка за да ја отстрани електронската нараквица

0

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро призна дека користел посебна алатка, да ја отвори својата електронска нараквица, велејќи дека го направил тоа од љубопитност, според видео што го објави Врховниот суд на Бразил.

Осуден на 27 години затвор за обид за државен удар, поранешниот шеф на државата е приведен откако се обидел да ја скрши нараквицата, која бил принуден да ја носи од август додека е во домашен притвор, според судијата кој верува дека Болсонаро планирал бегство.

На видеото, електронската нараквица сè уште е на неговиот зглоб, но е тешко оштетена и изгорена.

Кога го прашале како го направил тоа, на видеото може да се слушне како Болсонаро вели дека користел алатка, додавајќи дека го направил тоа од „љубопитност“.

Болсонаро беше претседател на Бразил од 2019 до 2022 година.

ИЗДВОЕНИ