Болсонаро мора да носи алка на ногата, му се закануваат 40 години затвор – забрането му е и користење на социјални мрежи

23

На поранешниот бразилски претседател му е наложено да носи алка на ногата и му е забрането да разговара со странски претставници, објави CNN Brazil.

Исто така, му е забрането да користи социјални медиуми.

Бразилската федерална полиција, исто така, го претресе домот на Болсонаро и седиштето на неговите политички активности.

Болсонаро е на судење за наводна вмешаност во местење на претседателските избори во 2022 година. Доколку биде прогласен за виновен за организирање државен удар, може да се соочи со затворска казна до 40 години.

ИЗДВОЕНИ