Универзитетска болница во Лајпциг, Германија, се соочува со јавни критики откако името на убиениот лидер на Хамас, Јахја Синвар, се појави на табла со список на новороденчиња во болницата.
Болницата сподели слика од таблата на својата Инстаграм страница на 3 август, со името на Јахја Синвар на врвот на листата со имиња на новороденчиња, со нацртани срца на неа, објави „Билд“.
По критиките, болницата се извини за споделувањето на фотографијата на Инстаграм, наведувајќи дека лицето кое ја објавило не било свесно дека тоа е и името на озлогласениот лидер на Хамас по кој е именувано новороденчето.
„Лицето кое ја објавило сликата не било свесно дека името во моментов е поврзано со добро позната политичка фигура вклучена во многу чувствителен геополитички контекст“, изјави портпарол на болницата во интервју за „Билд“, пренесе „Танјуг“.