Движењето „Кој е Следен?“ денеска спроведе герила-акција на споменикот на Олимпија, кој го обви во црно за симболично да ја претстави црнината што мајките на децата во Кочани ја носат последниве 8 месеци.
„Со оваа акција сакаме да ги повикаме жителите на Скопје да излезат на солидарниот марш што Здружението “16 март” го организира оваа сабота (15. ноември), во 12:05 на Плоштадот Македонија како зборно место. Маршот на ангелите ќе продолжи кон Собранието и ќе заврши пред Основниот кривичен суд во Скопје за да повика на правично судење за масакрот во Кочани. Судењето треба да започне на 19. ноември“.
Ве повикуваме да ја споделите герила-акцијата на „Кој е Следен?“ со цел да ги потсетиме македонските граѓани дека нашето движење нема да престане да врши притисок и да се залага за правда за сите жртви на системскиот колапс.
Болката на Кочани мора да ја почувствуваме сите. Не смееме да дозволиме семејствата да маршираат сами, додека ние си продолжуваме со нашиот секојдневен живот. Тие мора да знаат дека сме заедно во оваа борба, од која никогаш нема да се откажеме“, стои во реакцијата на Кој е следен.
View this post on Instagram












