Боксерот Хулио Сезар Чавез Јуниор е во притвор во Мексико откако беше депортиран од Соединетите Американски Држави, каде што беше уапсен на почетокот од јули и држен повеќе од еден месец.
Мексиканските власти го обвинуваат за врски со картелот Синалоа. Била издадена потерница по него во 2023 година и по четиригодишна истрага, а по пристигнувањето во земјата, веднаш бил одведен во затвор во државата Сонора. Националниот регистар на притвореници потврди дека бил приведен откако бил уапсен на граница.
Чавез има 39 години и е поранешен шампион во средна категорија во ВБЦ. Во својата кариера боксуваше со Канело Алварез, Серхио Мартинез и со Даниел Џејкобс, а се бореше и против познати ММА-борачи.