Покрај естрадните скандали што и понатаму честопати ги прави – нели, тоа е составен дел од шоу-бизнисот, македонскиот шоумен Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, но познат и како сопственик на една поранешна телевизија, неодамна, во Белград, го посети гробот на својата многу блиска пријателка, славната хитмејкерка Марина Туцаковиќ.
Боки 13 отиде во Белград по пауза од десетина години и веднаш се упати кон Новите белградски гробишта, со голем букет свежо цвеќе. Таму почива во мир неговата драга Марина, на кој тој ѝ се обраќаше со прекарот Маки. тој изјави дека сега, откако го посети вечниот дом на Марина, го исполнил сопственото ветување. Сепак, Боки не можеше да ги задржи солзите. Емотивно се сети на моментот кога дознал во затворот за смртта на Марина Туцаковиќ, што го опиша како најтежок ден во својот живот. – Конечно, душата ми се смири, а солзите сами ми течеа како река. Те сакам, Макице моја! – емотивно напиша Боки. (фото: С. Крстиќ-FB)