Исланд им се придружи на Шпанија, Ирска, Словенија и Холандија во бојкотирањето на натпреварот закажан за 2026 година во Виена, објави „Гардијан“.
Сите овие земји се повлекоа откако учеството на Израел на натпреварот беше потврдено минатата недела.
„Исландската национална телевизија (RÚV) одлучи да не учествува на Евровизискиот натпревар за песна во Виена следната година“, беше објавено по состанокот на одборот на директори на RÚV.
Според соопштението, учеството на израелскиот национален радиодифузер KAN предизвика несогласување и меѓу членовите на Европската радиодифузна унија (EBU) и меѓу пошироката јавност.
Состанокот на одборот се одржа само неколку часа пред рокот до кој земјите требаше да го потврдат своето учество.
Виенското издание ќе ја биде јубилејно, ќе ја одбележи 70-годишнината од постоењето на музичкиот натпревар.
Присуството на Израел на евровизискиот музички натпревар беше извор на тензии поради војната во Газа и загриженоста околу гласањето и кампањата, вклучително и обвинувањата дека израелската влада се обидела да влијае врз гласањето на јавноста на овогодинешниот натпревар.
По самитот на ЕБУ минатата недела, беа усвоени нови мерки за заштита на интегритетот на гласањето, а повеќето земји потврдија во тоа време дека ќе учествуваат на Евровизискиот натпревар во 2026 година.
Исланд изјави дека иако новите мерки решаваат многу загрижености, сè уште постојат сомнежи дали договорените промени ќе бидат целосно задоволителни.
Израел учествува на Евровизискиот натпревар од 1973 година, бидејќи КАН е членка на ЕБУ, организацијата што го води натпреварот.
Израел досега победи четири пати, последен пат во 2018 година, а заврши втор во 2025 година.
Исланд годинава во Базел беше претставен од дуото VÆB. Тој го освои 25-то место во финалето.












