Бојан Маровиќ жртва на измама

73
Фото: Facebook

Меѓу бројните јавни личности кои во последно време сведочат дека биле жртви на измама е и пејачот Бојан Маровиќ.

Сè почестата појава на одредени компании или поединци кои користат вештачка интелигенција за креирање реклами во кои ја злоупотребуваат сликата и работата на претставниците на јавниот живот не го заобиколи Бојан.

Тој се огласи на социјалните мрежи.

„Драги пријатели, би сакал да го привлечам вашето внимание на фактот дека се појави реклама во која мојот лик е злоупотребен, а мојот глас е модифициран со вештачка интелигенција, така што изгледа како да рекламирам игра.

Би сакал да ве предупредам дека немам никаква врска со горенаведената реклама, ниту пак сум дал никаква согласност за користење на мојот лик.“

Пејачот ги повика сите следбеници и пријатели да ја пријават контроверзната реклама доколку ја видат, а откри и дека ангажирал адвокати, и во Србија и во Америка, поради оваа ситуација.

ИЗДВОЕНИ