„Боинг“ на „Ер Индија“ се враќа непланирано во Хонг Конг поради сомнителен технички проблем

39

„Боинг 787-8 Дримлајнер“ управуван од „Ер Индија“ не успеа да стигне на својата закажана дестинација поради сомнителен технички проблем.

Патничкиот авион, ист тип како оној вклучен во трагедијата во Ахмедабад минатата недела, летал за Њу Делхи, но се вратил во Хонг Конг откако пилотот изразил загриженост, потврди портпарол на „Ер Индија“ за „Скај њуз“.

Сè уште не е познато за каков технички проблем пријавил пилотот. Летот AI315 полетал од Хонг Конг во 12:16 часот и слетал во Хонг Конг нешто повеќе од еден час подоцна, според Flightradar24. Портпарол на Ер Индија за „Скај њуз“ изјави дека авиокомпанијата сè уште не утврдила дали има технички проблем.

Авионот сега се проверува, објави „Ројтерс“. Од компанијата „Боинг“ не одговорија веднаш на барањето за коментар.

Инаку, „Боинг“ на „Ер Индија“ се урна минатата недела кратко по полетувањето од аеродромот Ахмедабад во западна Индија. Сите 229 патници и 12 членови на екипажот загинаа. Еден патник ја преживеа несреќата.

ИЗДВОЕНИ