Хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ објави дека ја завршува својата играчка кариера. Тој играше за Хрватска со години, а ја донесе одлуката откако имаше многу проблеми со повредите.
- Понекогаш во животот не го избираш моментот. Тој те избира тебе. По 14 месеци борба со повредата на стапалото, две операции и безброј обиди да се вратам на теренот, време е да затворам едно поглавје. По повеќе од две децении на теренот, време е да се збогувам со кошарката. Не само како спорт туку и како дел од мене. Тешко е да се опише во неколку реченици што сè ми даде кошарката. Ме обликуваше како спортист, но уште повеќе како личност – се збогува Богдановиќ.



![[Интервју] Пројковски: Театарот треба да го каже она за што другите молчат](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/11/prr-450x300.jpg)







