Богата програма за „Ноемвриски денови“ во Куманово

17

Голем број настани и манифестации се дел од програмата по повод „Ноемвриски денови“ во Куманово, со кои градот го одбележува 11 Ноември, Денот на ослободувањето, информираа од Општина Куманово.

Во соработка со локални организации, културни друштва и поединци, Куманово организира уметнички, спортски и културни активности, кои се одржуваат речиси цел ноември.

Настаните траат од почетокот, па речиси до крајот на ноември. Кумановци имаа можност да ја посетат изложбата „Пчелна изложба“ на Филип Цветковиќ, беше одбележан Денот на ромската азбука, пензионерите пееја за својот град.Освен тоа, денеска беше промовирана книга од монсињор, д-р Киро Стојанов „25 години епископство на монсињор д-р Киро Стојанов“, а следуваат и настапијте  на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ и „Бајрам Шабани“, кои слават 80 години од постоењето како и изложба на Марјан Стојановски – „Асоцијативни апстракции“.

В сабота ќе се одржат турнири во шах, стрелаштво и во фудбал, во училишните сали на „Перо Наков“, „Гоце Делчев“ и на „Магдалена Антова“.

На градскиот стадион ќе се одржи младински фудбалски турнир во организација на „Башкими“, а во спортската сала „Куманово танцува“ – клупски шаховски турнир. И годинава ќе се одржат турнирот во мал фудбал „Пехар на градоначалникот“, улична трка, литературен концерт, аикидо семинар, традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници“.

– В недела, на градскиот плоштад ќе има концерт на кој ќе настапат групи, пејачи од Македонија: Лука Чомбе, Слаткаристика, Тони Зен, Калиопи – информираа од Општината.

По повод Денот на ослободувањето, покрај фудбалски турнири, ќе бидат положени цвеќиња на Спомен- костурницата, а ќе се одржи и свечена седница на Советот.

Наредните денови ќе се одржи ликовна работилница под наслов „Сподели богатство“, ќе биде отворена изложбата „Вода“ на Биљана Јовчевска, ќе се одржат промоција на книгата „Калиграфи на филмско платно“, биеналната изложба „Скици 2025“, натпреварот „Млади библиотекари“, турнир во одбојка, солистички концерт на Билјана Камчева и концерт на Маја Божиновска (пијано) и на Марко Поп Ристов (виолина).

На 18 ноември ќе бидат доделени наградите за најдобра проза и за најдобра поезија, а следниот ден ќе се одржат концерт на музичкото училиште, изложбата „Фотосалон 2025“ и промоција на книгата „Куманово у срце, Куманово у душу“.

Во рамките на завршницата се најавени и „Балканска етноризница“, презентација на „Црвен се бајрак развева“, одбележување на 80 години од основањето на библиотеката, како и изложби на Мухамед Идризи и на Марина Цветановска- Мартиновска. 

ИЗДВОЕНИ