Машката сениорска репрезентација утре (19:00 часот) ќе го одигра својот прв натпревар од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година. На 27 ноември, во салата на СРЦ „Кале“ ни гостува репрезентацијата на Азербејџан, на првиот претквалификациски натпревар од групата А, а влезот за сите љубители на кошарката е слободен.
- За таа цел, и во оваа пригода, македонската Федерација ги повикува сите искрени љубители на кошарката и обожаватели на нашата најдобра машка репрезентација да дојдат во „Кале“ и да им дадат поддршка на момците на овој натпревар, за кој влезот ќе биде слободен – соопштија од КФМ.











