Фудбалерите на Реал Мадрид ги добија своите нови автомобили БМВ.
Во четвртата сезона од партнерството помеѓу шпанскиот клуб и германскиот производител на автомобили, играчите ќе користат најширок спектар на возила и опции за мотори.

На церемонијата на откривање, тимот позираше покрај БМВ iX3, првиот во новата генерација електрични возила на брендот, за кој БМВ вели дека совршено ја отелотворува комбинацијата од спортски дух, технологија и одржливост.

Најпопуларниот БМВ i7

Првиот автомобил го избра тренерот Чаби Алонсо, кој се одлучи за БМВ i7. Цената на овој модел започнува од 135.000 евра, а моторот од 544 КС дава максимална брзина од 240 км/ч.
Овој модел инаку беше најпопуларен меѓу играчите, бидејќи го избраа: Едер Милитао, Дани Карвахал, Винисиус Жуниор, Арда Гулер, Антонио Ридигер, Ендрик и Марко Асенсио.

Килијан Мбапе го избра истиот модел, иако веројатно го избра најудобното совозачко седиште, бидејќи сè уште нема ниту возачка дозвола.

BMW i7 располага со технологија BMW eDrive од петтата генерација и се одликува со импресивен опсег и моќност, што го прави идеален за патувања на долги релации, се вели во соопштението.

Тие исто така додаваат дека BMW XM е првиот самостоен BMW M модел од BMW M1.
„Неговиот високо-перформансен надворешен дизајн оддава почит на легендарниот спортски автомобил со мотор поставен во средината и M HYBRID погонски склоп способен да патува до 88 километри во 100% електричен режим, идеален за градско и меѓуградско патување“, се вели во соопштението.

ИЗДВОЕНИ