Европските земји работат со Украина на предлог од 12 точки за прекин на војната по сегашните фронтовски линии, објави денес „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.
Предложениот план би го надгледувал мировен комитет со кој претседава американскиот претседател Доналд Трамп.
Европските лидери денес го повикаа Вашингтон да остане цврст во своето барање за итно прекин на огнот во Украина, при што сегашните фронтовски линии ќе служат како основа за сите идни разговори.
Според предлогот, Украина би добила безбедносни гаранции, средства за санирање на воените штети и пат кон брзо пристапување кон Европската Унија.
Планот предвидува дека откако двете страни ќе се согласат на прекин на огнот и ќе се обврзат да ги запрат територијалните добивки, сите депортирани деца би биле вратени во Украина, а затворениците би биле разменети, пренесува „Танјуг“.