вторник, февруари 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Блокиран е сообраќајот на патниот правец А-3 Ресен – Битола

Блокиран е сообраќајот на патниот правец А-3 Ресен – Битола

27

Во 16:10 часот блокиран е сообраќајот на патниот правец А-3 Ресен-Битола кај битолското место викано „Ромската населба“, соопштија од АМСМ.

Локални жители на битолски Баир излегоа на протест и запалија оган кој го попречи сообраќајот. Причина за протестот е одземање на две возила од страна на полицијата откако возачи се затекнати без возачка дозвола, односно без положен возачки испит, соопшти ТВ Тера.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

ИЗДВОЕНИ