Блокиран булеварот „Илинден“ поради неисплатени плати и додатоци

37

Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и во друштвата со ограничена одговорност „Флораком“ и „Луна“, кои се фирми ќерки на ова претпријатие, излегоа на протест и два часа го блокираа булеварот „Илинден“ поради нередовна исплата на платите и неисплаќање на додатоците на плати.

– Вработените веќе две недели ја немаат земено августовската плата, која законски требаше да биде исплатена до 15 септември – изјави претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија (СУТКОЗ), Стојанче Кашиковски.

 

ИЗДВОЕНИ