недела, февруари 22, 2026
Дома СВЕТ Блокада поради снег и мраз: Прекин во железничкиот и воздушниот сообраќај во...

Блокада поради снег и мраз: Прекин во железничкиот и воздушниот сообраќај во Холандија

78
Фото:википедија

Железничкиот сообраќај денес беше прекинат во Холандија поради снег и мраз, а неколку стотици летови беа откажани поради неповолни временски услови, објавија транспортните компании.

Холандската железничка компанија NS објави дека нема да сообраќаат возови најрано до 9:00 часот наутро поради снег и ниски температури, објави „Ројтерс“.

Авиокомпанијата KLM откажа најмалку 300 летови на аеродромот Схипхол во Амстердам, бидејќи зимското време го наруши сообраќајот на аеродромот, кој е еден од главните транзитни центри во Европа, петти ден по ред.

ИЗДВОЕНИ