Во организација на Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ вечерва се одржа протест со блокада на крстосницата на булеварите „Борис Трајковски“ и булевар „Србија“ во Скопје.
Со транспаренти и пораки до надлежните, граѓаните порачаа дека трпението им е при крај, додека градот се гуши во смог.
Организаторите упатија јасна порака до институциите:
„Вечерва беше само предупредување. По завршувањето на празниците, протестите ќе продолжат со поголем интензитет и масовност, сè додека не се преземат конкретни мерки против загадувачите.“
Протестот е најавен како мирен, но решителен, а граѓаните бараат итна дислокација на цементарницата за да се заштити јавното здравје. Иницијативата ја поздрави одлуката на градот Скопје да го откаже огнометот за централната новогодишна прослава поради загадениот воздух и апелира институциите сериозно да се позанимаваат со овој проблем.












