Ова мече, кое три и пол години живееше во мал кафез во Зоо-паркот во Штип, сега има на располагање површина од 150.000 квадратни метри и живее заедно со другите спасени мечки. Пред да дојде во Бугарија и да ја почувствува благодатта на природата, Теди живееше во целосно несоодветни услови во штипската Зоолошка градина. Беше во лоша здравствена состојба, во депресија, со тикови и анксиозност, а имаше и повеќе физички повреди. На иницијатива од Мицковска и во соработка со светската организација „Четири шепи“ и со фондацијата на Брижит Бардо, на 5.11.2020 година мечето, конечно, замина во резерватот „Парк на танцувачките мечки“ во Белица.
– Најдобар другар му е мечето Рику, а од 2022 година му се приклучи и глувата мечка Ива, која, исто така, беше спасена од Македонија и однесена таму, на моја иницијатива – раскажува активистката за заштита на животните, Тина Мицковска од скопската Зоолошка градина. Покрај овие две мечки, благодарение на Тина, во резерватот „Ароса“ во Швајцарија се однесени уште две мечки од скопската Зоолошка : Марко и Мартина, кои се брат и сестра

Пример за тоа дека љубовта кон животните урива секакви бариери е заложбата на активистката за заштита и љубител на животните, Тина Мицковска од скопската Зоолошка градина, која успеа да спаси четири мечиња од тесните кафези и несоодветниот живот, од кои две од скопската Зоолошка градина.
Благодарение на несебичниот ангажман на Мицковска, во соработка со светската организација „Четири шепи“ и со фондацијата на Брижит Бардо, Теди сега ужива во резерватот „Парк на танцувачките мечки“ во Белица, Бугарија.
Ова мече, кое три и пол години живееше во мал кафез во Зоо-паркот во Штип, каде што беше дадено од сопственикот кој повеќе не можел да го одгледува, сега има на располагање површина од 150.000 квадратни метри и живее заедно со другите спасени мечки.
Пред да дојде во Бугарија и да ја почувствува благодатта на природата, Теди живееше во целосно несоодветни услови во штипската Зоолошка градина. Беше во лоша здравствена состојба, во депресија, со тикови и анксиозност, а имаше и повеќе физички повреди.
На иницијатива од Мицковска и во соработка со светската организација „Четири шепи“ и со фондацијата на Брижит Бардо, на 5.11.2020 година мечето, конечно, замина во резерватот „Парк на танцувачките мечки” во Белица.
– Таму веднаш беше започната рехабилитација. Најдобар другар му е мечето Рику, а од 2022 година му се приклучи и глувата мечка Ива, која, исто така, беше спасена од Македонија и однесена таму, на моја иницијатива – раскажува Мицковска.
Бугарскиот парк во Белица е уникатен затоа што е изграден на место каде што навистина живеат кафеавите мечки. Тој се наоѓа на само 10 километри од најблиското населено место и е во југоисточна Рила, поточно во Рило, Родопскиот Масив, кој е најгустонаселен со кафеави мечки. Паркот е голем 12 хектари, на 1.300 до 1.400 метри надморска височина е и има планини и полјани.
Мицковска додава дека, покрај овие две мечки, во резерватот „Ароса“ во Швајцарија се однесени уште две мечки од скопската Зоолошка: Марко и Мартина, кои се брат и сестра. Тие заминаа да живеат на Алпите, на 21 мај, 2022 година. Сега имаат огромен простор и уживаат во својот слободен живот и во природата, а нивните имиња се Сем и Џамила.
– Многу сум среќна што успеав да се погрижам овие четири мечки да имаат среќен живот и да го поминат далеку од кафезите и од несоодветните услови каде што живееја претходно. Историски е тоа што сум единствен активист кој успеал да спаси дури четири мечки во земјава и се надевам дека и понатаму институциите ќе даваат поддршка за спасување на дивите животни – истакна Мицковска.
(А. П.)












