Благица Ѕунзуровска, некогашната македонска ѕвезда на „Гранд“, кажа „да“! И замина во Хургада, на летување

116

Поранешната македонска ѕвезда на „Гранд“ сексапилната  пејачка Благица Ѕунзуровска, кажа „да“! И веднаш новопечената брачна двојка замина на егзотичен одмор, далеку од Македонија, во убавата и жешка Хургада во Египет.

Тие досега беа момче и девојче, а отсега ќе бидат неразделни 24/7. Летната шема во Хургада одлично им прилега на Благица и на нејзиниот маркантно тетовиран сопруг Гордан. Со причина не излегуваат од морето и од базенот. Температурите се многу високи, впрочем како и во Скопје, ама затоа во Хургада имаат постојано вода „при рака“ – за освежување и за прскање, но и за другарување со делфините.

Впрочем, згодната Ѕунзуровска во леопардово бикини, иако преку слики, ја освежува својата публика. Мила и слатка, велат обожавателите. Како бајадера.                          И таа и тој се максимално летно расположени. Тоа ѝ го прави летото незаборавно. Заедничката приказна од Хургада, кога ќе се вратат, сигурно долго ќе им ја раскажуваат на сите и во зима. И навистина не е да останеш рамнодушен на тие убавини. Македонски! (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ