-Ниту крадам ниту лажам. Немам причина за такви лоши работи. Се сметам за добар човек. Пеам за добри луѓе, кои имаат само позитивни мисли. Многу пати не сум ги ни броела парите што сум ги зела како бакшиш. Знам да ги поделам со оние луѓе што ми значат!

Фолк-ѕвездата Благица Павловска нема кој не ја знае. А, добар дел од публиката, како и новинарите, знаат дека таму каде што пее таа, се случува вистински потоп, во смисла дека ја крева атмосферата до точка на вриење. Иако е веќе во некои пристојни години, кога луѓето, и покрај доброто здравје, физички побрзо се заморуваат, ситуацијата кај неа е поинаква. Секој нејзин настап е јужњачки, темпераментен, а енергијата ја црпи од самите песни, кои се такви – за танцување, за играње оро, за рипање и за незапирливо пеење. Честопати знае да покани свирачи на своите настапи, па фолк-журката да се претвори во фестивал, само со нејзини песни.

– Убавите работи кога настапувам – ги споделувам со публиката. Според мојата животна филозофија, нерасположението и тагата треба постојано да ги потиснуваме. Само на радоста и на позитивните мисли да им даваме предност. Се сметам за цврста личност, со силен карактер и силен дух. И кога имам некој проблем, не сакам да мислам на тоа. Ми создава неспокој, а јас сакам да имам спокој во душата.

Често се случува новинарите да ја прашаат Благица, дали добива добар бакшиш на своите настапи?

– Тоа не е толку важно доколку човекот што е дојден да ме слуша, убаво се чувствува. Јас давам сè од себе да ја направам атмосферата фантастична. И зошто тогаш да не добијам добар бакшиш? Не кријам дека добивам, важно е дека чесно ги заработувам тие пари. Многу пати не сум ги ни броела парите што сум ги зела како бакшиш. Знам да ги поделам со оние луѓе што ми значат. Тоа е жива вистина. Ниту крадам ниту лажам. Немам ниту една причина за такви лоши работи. Се сметам за добар човек. Пеам за добри луѓе, кои имаат само позитивни мисли. Најважно е, како што кажав, да не се краде. И мене да не ме крадат каде што настапувам. Фала му на Бога, тоа ми се има случено можеби само два-трипати во кариерата. Но често им се случува на некои мои колеги пејачи – раскажа расположената Благица, која и ова топло лето има многу настапи во родната Македонија.       (Д. М.) фото:ФБ/YT/INTV/

 

ИЗДВОЕНИ