Финска слави осминафинален дуел со Србија на Евробаскетот. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како финските кошаркари се подготвуваат за натпревар. Пред натпреварот против Германија, кој го загубија со 61:91, Финците демонстрираа бизарен ритуал.
View this post on Instagram
Јакоб Грандисон им се приближува на секој од играчите што го опкружуваат и им удира шлаканици. Додека се удираат, сите фински кошаркари врескаат. Оваа снимка ја сподели и „Бличер репорт“, кој има 22 милиони следбеници на „Инстаграм“, а возбудата на Финците од Евробаскетот стана вирална.
Финците го обезбедија пласманот во нокаут фазата на Евробаскетот со три победи и два порази. Ги победија Шведска, Велика Британија и Црна Гора, а загубија од Литванија и Германија.