Бизарен морски инцидент: Во потера по филипински брод, два кинески брода во обид за маневар – се судрија/ВИДЕО

122
Foto: Printscreen/X/BRPSierraMadre

Во бизарен инцидент што се случи во Јужното Кинеско Море, кинески воен брод се судри со брод на сопствената крајбрежна стража додека бркаше филипински брод, објави Манила, пишува Би-Би-Си.

Инцидентот се случил додека припадници на Филипинската крајбрежна стража им помагале на рибарите кај спорниот гребен Скарборо. Според комодорот Џеј Тариела, кинеската крајбрежна стража потоа „извршила ризичен маневар“ што резултирал со „значителна штета“ на предниот дел на кинескиот воен брод.

Пекинг го потврди конфликтот, обвинувајќи ги Филипините за „насилно навлегување“ во кинеските води, но не го спомена судирот на сопствените бродови. Целата област на Јужното Кинеско Море е во центарот на територијалните спорови меѓу Кина, Филипините и неколку други земји со децении.

Ескалација на тензиите
Односите меѓу Пекинг и Манила драматично се влошија во последните години, со меѓусебни обвинувања за провокации и поморски престрелки, од кои некои вклучувале ладно оружје како мечеви, копја и ножеви. Гребенот Скарборо, триаголен синџир од гребени и карпи, е клучна жариште на конфликти откако беше заземен од Кина во 2012 година.

Видео објавено од Манила покажува како брод на кинеската крајбрежна стража пука со водни топови кон филипински брод што ги гони, пред нагло да скршне и да се судри со многу поголем кинески воен брод. Судирот го оставил воениот брод „неспособен за море“, рече Тариела, додавајќи дека не е веднаш јасно дали некој е повреден.

Меѓусебни обвинувања
Тариела рече дека филипинската крајбрежна стража „постојано ги повикувала“ кинеските власти да ги почитуваат меѓународните конвенции, „особено имајќи ја предвид нивната улога во спроведувањето на поморските закони“. „Исто така, нагласивме дека таквото неодговорно однесување на море на крајот може да доведе до несреќи“, додаде тој. Кинеската крајбрежна стража, од друга страна, рече дека дејствувала „во согласност со законот“ и презела „сите потребни мерки“ за да ги одврати филипинските бродови.

ИЗДВОЕНИ