петок, август 21, 2026
Дома СВЕТ Бизарен инцидент во Германија: Магаре упадна во комбе и повреди тројца

Бизарен инцидент во Германија: Магаре упадна во комбе и повреди тројца

0

Во Германија денес, магаре повреди тројца луѓе додека тие се обидуваа да го фатат и да го тргнат од патот; животното скокна во нивното комбе, при што ги гризна и ги повреди.

Минувачи забележаа магаре по име „Фреди“ и еден коњ како трчаат околу кружен тек во градот Холзел.

Возачите се приклучија во обидот да ги фатат и да ги отстранат, но магарето „стана многу агресивно“ и скокна во комбето, соопшти полицијата.

Набрзо пристигнал сопственикот на магарето и го смирил животното.

На една 33-годишна жена ѝ беше потребна болничка помош, додека другите се здобија со полесни повреди.

ИЗДВОЕНИ