Споменикот ќе биде поставен на влезот на Старата битолска чаршија. Битола е роден град на Јонче, а во неговиот град се роди и култната песна “Македонско девојче“, која за малку ќе станеше македонска химна. До толку оваа песна сите ја знаат ширум Планетата Земја.
Велат, фала му на Бога, им текнало на нашите, а во овој случај по иницијативата на “Стопанска банка АД Битола“, по повод нејзиното успешно постоење, градот под Пелистер ќе добие Споменик со ликот на легендарниот пејач и композитор Јонче Христовски. Споменикот ќе биде поставен на влезот на Старата битолска чаршија. Битола е роден град на Јонче, а во неговиот град се роди и култната песна “Македонско девојче“, која за малку ќе станеше македонска химна. До толку оваа песна сите ја знаат ширум Планетата Земја. Песната ја напиша Јонче кога дојде на роденденот на ќерката на популарната пејачка Виолета Томовска, која воедно се смета за првата премиерна интерпретаторка на “Македонско девојче“.
Јонче почина пред 25 години, зад себе остави гомила хитови кои во меѓувреме станаа евергрини, македонски музички бисери: “Ако умрам ил загинам“, “Едно име имаме“, “Ај, засвирете ми чалгии“, “Запеј песна Македонко“, “Куќа имам на Пелистер“, “Машка клетва ќе ти дадам моме“, “Ој Вардаре Македонски“….Бил член на ансамблот “Танец“ во кој изработил кореографии и за “Калајџиското оро“. Христовски бил женет. И татко на две ќерки. Неговата сопруга Олга трагично почина. Токму за неа и за љубовта кон неа, Јонче Христовски ја напишал и посветил и една од своите најпознати емотивни песни „Животе мој“. Девојчињата ги гледала баба им Невенка, која им била воедно и како мајка. Потоа, ќерка му Олга се омажила во Канада, но таму рано починала. Јонче останал да живее сам без да се прежени. Длабоко тагувал по починатата сопруга. Во тие тагите се разболел. Беше погребан покрај неговата Олга, а тоа беше неговата последна овоземска желба.
Пред две години се одржаа два концерти со неговите песни во изведба на Камерниот оркестар од Битола. Едниот концерт беше токму во родниот град на Јонче, а вториот во Скопје. Легендарната Виолета Томовска тогаш ја испеа во живо и многу емотивно, славната песна “Македонско девојче“. (Д.М.)