Битола со најмногу одобрени проекти

100

Министерството за локална самоуправа објави дека на вториот јавен повик за поддршка на општините за 2025 година, средства добиле 828 проекти од 80 општини, во вкупна вредност од 13.868.138.877 денари, одобрени од шест ресорни министерства.

Општина со најмногу одобрени проекти е Битола со 65, а општини со по еден одобрен проект се Богданци, Новаци, Градско, Берово и Росоман.

Во информацијата се вели дека сите општини имале еднаква шанса и третман за аплицирање и дека сите аплицирале согласно со своите потреби и подготвена документација.

Сите 80 општини во државата имаат одобрени проекти за финансирање во рамките на овој јавен повик.

– Ова е уште еден чекор кон подобри услови за сите граѓани, без разлика каде живеат. Во периодот што следува, преку директна поддршка и активни мерки ќе работиме на зголемување на капацитетите на сите општини, онаму каде што е најпотребно –  соопштија од Министерството за локална самоуправа.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ