недела, февруари 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Битола ќе постави фотоволтаици на три основни училишта

Битола ќе постави фотоволтаици на три основни училишта

50

Општина Битола наскоро ќе постави фотоволтаици на три основни училишта, две од нив се со донација на Фондацијата „Отворено општество“, а едно ќе добие фотоволтаици со средства од буџетот на локалната самоуправа.

Од Секторот за односи со јавност соопштија дека фотоволтаици ќе добијат општинските училишта „Свети Климент Охридски“, „Даме Груев“ и „Гоце Делчев“.

Претходно беа поставени фотоволтаици на шест основни училишта, наведоа од Општина Битола.

ИЗДВОЕНИ