среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Битола ќе добие памп трак полигон за велосипеди

Битола ќе добие памп трак полигон за велосипеди

137

На површина од 900 квадратни метри, на локација во Градскиот парк, во близина на „ќумурното“ игралиште, Општина Битола ја започна изведбата на памп трак полигон за велосипеди.

Оваа адреналинска патека вклучува континуирана патека од нагорнини и од надолнини околу кои возачите може да возат велосипеди, скејтборди, ролери и друго. Патеката ќе понуди повеќе начини на забавно возење во безбедна и контролирана средина.

Со изведбата на овој проект, покрај велосипедските патеки, кои се веќе во изградба, Битола ќе добие уште една нова содржина за вљубениците во велосипедизмот. Општина Битола продолжува со континуираното вложување во спортско- рекреативните содржини, во интерес на граѓаните во градот.

ИЗДВОЕНИ