Биткоинот е во најдолгата низа на загуби од 2018 година, бидејќи слабеењето на побарувачката и повлекувањето на капиталот укажуваат на продолжен период на нестабилност на пазарот на криптовалути.
Цената на најпознатата дигитална валута падна под 76.000 долари во текот на викендот. Тоа е пад од околу 40 проценти од нејзиниот максимум во 2025 година, враќајќи ја вредноста на нивоата пред големиот царински конфликт.
Она што изгледаше како ненадеен пад во октомври се претвори во сериозен проблем. Луѓето повеќе не продаваат од страв, туку едноставно нема доволно нови купувачи или верба дека цената повторно брзо ќе се зголеми, пишува Блумберг.
За разлика од претходните падови, овој пат нема една јасна причина или голем крах на системот. Побарувачката едноставно ослабе, а на пазарот има премалку пари за да расте цената. Биткоинот повеќе не реагира на глобалните немири или добивките на берзата. Дури и фактот дека златото и среброто значително пораснаа во последните недели не ги поттикна луѓето да ги префрлат своите пари во криптовалути.
Биткоинот падна за речиси 11 проценти во јануари, четвртиот последователен месец на загуби. Тоа е неговата најлоша низа во последните осум години. Пол Хауард, експерт во „Винсент“, компанија која помага во одржувањето на ликвидноста во тргувањето, верува дека биткоинот нема да сруши нови рекорди во 2026 година.
Историјата покажува дека закрепнувањето може да трае со години – по претходните падови, беа потребни до три години за цената да се врати на претходните нивоа. Според таа мерка, овој пад можеби штотуку започнал.
Други аналитичари посочуваат на друг проблем: инвеститорите претпочитаат да инвестираат во други сектори. Ричард Хоџис, основач на инвестициски фонд, ги предупреди најголемите сопственици на биткоини дека ќе им треба многу трпение. Тој рече дека нема да видат нови рекордни цени уште најмалку три години.
Денес се попопуларни се акциите на компаниите вклучени во вештачката интелигенција, како и златото и среброто. Тие моментално остваруваат побрз профит.
„Биткоинот беше главна тема пред три години, а денес акциите за вештачка интелигенција се тие што летаат високо“, заклучи Хоџис.












