Биткоинот се доближува до нов рекорд

0

Цената на биткоинот денеска значајно порасна, приближувајќи се до своето рекордно ниво, додека блокирањето на работата на американската влада влегува во својот  трет ден. Вложувачите се свртуваат кон најпознатата светска криптовалута како сигурно прибежиште среде неизвеснота во САД, пишува „Си-ен-би-си“.

Со најстарата светска криптовалута се тргување по цена од 123.874 долари, што претставува раст од приближно 2 отсто на дневно ниво. Со тоа биткоинот се најде на само 1 отсто од својата највисока цена на сите времиња, која во средината на октомври изнесуваше малку повеќе од 124.000 долари. Само оваа седмица вредноста му порасна за импресивни 12 отсто.

Растот на побарувачката за децентрализиран имот следеше по неуспехот на американските законодавци да постигнат догоовр за федарално финансирање, што во средата ја принуди американската влада да ја прекине работата.

„Гасењето е важно овојпат“, напиша Џеф Кендрик од „Стандард чартерд банка“.

„Во текот на претходното запирање на Трамп (декември 2018 година до 25 јануари 2019 година) биткоинот беше на второ место за разлика од сега, па многу малку постигна“.

Аналитичарите на банката „Стандард чартеред“ очекуваат биткоинот наскоро да достигне нов врв, а потоа и вредност од 135.000 долари.

Во потрага по заштита на политичките и економските напнатости, трговците се свртуваат и кон други средства. Цената на златото порсна за 0,5 отсто на 3.876,55 долари по унца, забележувајќи раст од 2 отсто во текот на оваа недела.

И покрај геополитичките неизвесности, дел од парите во петокот беше вложен во акции. Индексите на С&П и „Насдак композит“ исто така забележаа раст од 0,5 отсто односно 0,27 отсто.

 

ИЗДВОЕНИ