Најголемата нуклеарна централа во Европа, сместена во Запорожје, е една од клучните точки на мировниот план што го понуди американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку недели. Западните аналитичари честопати се прашуваа зошто има толку голем интерес за нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола од 2022 година, а одговорот дојде од Кремљ.
„Вашингтон е заинтересиран да го искористи својот предложен удел во нуклеарната централа Запорожје за операција со криптовалути“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со бизнис лидерите во четврток, се наведува во тектот на весникот „Комерсант“.
Објектот е под целосна контрола на руските сили од 2022 година и беше вклучен во предложениот мировен план од 28 точки на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина.
„Во тековните американско-руски разговори, претседателските претставници изразија интерес за споделување на контролата врз објектот со Москва и користење на уделот на Вашингтон за рударење криптовалути“, рече Путин.
Москва, исто така, разгледува предлог на САД централата да продолжи со производство на електрична енергија за Украина. Русија моментално ја анализира контрапонудата на Вашингтон во најновата рунда шатл дипломатија, по неодамнешното враќање на претставникот на Путин, Кирил Дмитриев, од Мајами, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите во четврток.
Еден ден претходно, Володимир Зеленски го претстави својот нацрт-план, во кој сакаше електраната, која е под руска контрола, да биде контролирана 50:50 од Украина и САД.
Украинскиот лидер, исто така, побара територијални отстапки од Москва, која моментално ја држи иницијативата на фронтовската линија. Тој, исто така, ја повика Украина да одржува мирновременска армија од 800.000 војници и безбедносни гаранции „слични на Член 5“ од Вашингтон, НАТО и европските поддржувачи на Киев.












