вторник, февруари 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Биткоин „копачи“ краделе струја од трафостаница во Бутел

Биткоин „копачи“ краделе струја од трафостаница во Бутел

Штетата е 16 милиони денари

27

Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побарал од МВР да се спроведе пребарување и да се вклучи вешто лице, поради основи на сомневање за кражба на струја во деловен објект на улица Бутелска во Скопје. Како што соопшти ЕВН Дистрибуција, при контролата е утврдена тешка кражба на електрична енергија од трафостаница, по што на сторителот му е изготвена фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари, односно околу 260.000 евра.

Од ЕВН информираат дека било констатирано противправно користење електрична енергија преку неовластено приклучување на три нисконапонски кабли во самата трафостаница, која е во сопственост на Електродистрибуција.

Според соопштението, деловниот објект – поранешен млин – бил користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за „копање“ биткоини.

За случајот е изготвен записник за неовластено користење, како и наод и мислење од овластено вешто лице. Поднесена е и пријава до МВР за неовластено преземање на електрична енергија, согласно член 235-а од Кривичниот законик.

ИЗДВОЕНИ